Никој нема да може да биде исфрлен или сменет од министерството за внатрешни работи ако тоа не е по закон.
Партиитe се договорија ВМРО-ДПМНЕ да има строга контрола на кадровското работење на СДСМ во Министерството за внатрешни работи.
-Обезбедивме превенција од злоупотреби и контрола над кадровското работење на СДСМ во МВР кое мора да е според закон. Усогласен е закон за влада, со кој никој не може да биде исфрлен или сменет од МВР, доколку тоа не е по закон – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, уверувајќи дека е постигната контрола на работењето на новиот министер, во смисол да не се претвори министерството во испостава на една политичка партија.
Договорено е Законот за бомби да се донесе, забрана за објавување и казни за правното лице и изворот, а ќе се чека мислењето на Венецијанска комисија.