Со класична диета, редовни тренинзи, Никола Којо ја доведе својата линија на онаа која ја имаше во време кога го ставаа високо на листата на еден од регионално најпопуларните и најпривлечни актери.
Никола Којо беше на врвот на популарноста за време на филмот “Ми нисмо анѓели“ и тогаш беше маж по кој врескаа и остануваа без здив припадничките на понежниот пол од регионот. Во меѓувреме, стана вистинска ѕвезда и еден од најдобрите актери на овие простори.
Но, со славата, па женидбата и три деца дојдоа и килограмите.
– Станува збор за класичната диета, а почна и редовно да тренира, а сето тоа ги даде резултатите“, кажал извор за српски Блиц.
Напор вреден за внимание и пофалба, Којо е повторно оној стариот и изгледа како да намалил 30 килограми!