Премиерот на Луксембург се венча со својот партнер


Премиерот на Луксембург, Ксавие Бетел денеска се венча со својот повеќегодишен партнер, со што стана првиот шеф на Влада во ЕУ кој стапува во хомосексуален брак.

Како што јави ТАСС, 42-годипшниот Бетел се венча со 36-годишниот белгиски архитект Готје Дестне, со кого е во регистрирана граѓанска врска од 2010 година.Luxemburg

Венчавката на луксембуршкиот премиер доаѓа неколку месеци по легализацијата на хомосексуалните бракови во Луксембург.

Според телевизијата РТЛ-ТВИ, на свадбата, која се одржала зад затворени врати, присуствувале околу 500 гости, меѓу кои и белгискиот премиер Луј Мишел.

– Премиерот не сака својот приватен живот да го прикажува пред очите на јавноста и ги одби барањата на светските медиуми за следење на церемонијата, соопшти соработник на Бетел.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1