Николовски: Не се бориме за власт, туку за зачувување на името


Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не го признава резултатот од референдумот зашто го смета за груб фалсификат, а утре ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинитество против повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње, Пласница и Сарај.

Како што соопшти потретседателот на партијата Алкесандар Николовски по седницата на Централниот комитет, ВМРО-ДПМНЕ не води битка за власт и за избори, туку за зачувување на името на Македонија.

– Среќни сме со резултатот од референдумот со кој уставното име е зачувано. Ги повикуваме граѓаните да се обединат за заштита на државните интереси и за ставање крај на последните политичари од транзицијата кои ја водат Македонија назад, апелира Николовски.

Тој обвини дека за време и по референдумот се вршени притисоци. Како што рече, над 50.000 гасови биле злоупотребени во текот на референдумот, а и грубо биле полнети кутии. – Голем број граѓни кои не излегоа или излегоа и гласаа „против“ се преместени од своите работни места или се избркани од приватни компании, изјави Николовски.

Според него, на вечерашната седница не станало збор за кадровски прашања.

Во врска со евентуални предвремени избори, Николовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за формирање влада по пржинскиот модел со мандат од 100 дена, а бара и формирање општински изборни штабови што ќе функционираат до завршување на претседатлските избори.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1