Постојано сте пред комјутер, имате болки во вратот? Звучи како реклама? Не е!
Научните истражувања уште еднаш на страната на култната напивка, кафето. Болките во вратот според научниците се решаваат со само една шолја кафе.
Всушност познато е дека кофеинот е природен непријател на болката, поради што е составен дел на одредени лекови. Испитаниците, оние што имале болки но и оние што биле без здравствени проблеми, покажале многу поголема подготвеност за „зјапање“ во компјутер по само една шолја кафе, оние што претходно се жалеле, едноставно заборавиле на болката.