Пичис Гелдоф, ќерката на музичарот Боб Гелдоф, која е пронајдена мртва на 7 април во својата куќа во Кент на југоистокот на Англија умрела од предозирање со хероин, покажале токсиколошките наоди.
Странските медиуми тврдат дека тоа го покажало токсиколошкиот наод кој што полицијата официјално ќе го објави.
Историјата се повторува, бидејќи и нејзината мајка Пола Јетс (41) умрела од предозирање од хероин. Пичис со години се борела со зависноста од дрога, а во 2008 година морале и да ја реинимираат бидејќи престанала да дише. Зад себе го оставила сопругот Том и синовите од 11 и 23 месеци.
Пичис Гелдоф работела како манекенка, новинарка и ТВ водителка. Неодамна се омажила за музичарот Том Коен.
Медуимите шпекулираат дека можна причина за смртта е предозирање, бидејќи во минатото, според сопствено признание, Пичис експериментирала со дроги. Некои сметаат дека срцето ѝ откажало како последица на драконски диети.
Објави фотка на која рака на дух ја држи за рамо – вчера ја најдоа мртва во станот
Најдена мртва 25 годишната ќерка на Боб Гелдоф