Ниту ѕидините не може да го заштитат Дубровник од гигантските бранови


Во бурата која што го зафати регионот, Хрватска е една од најпогодените земји, па така, Хрватите во изминатото деноноќие доживуваат вистински хаос. Силните оркански ветрови и ниските температури во изминатите 24 часа приредија големи проблеми во Хрватска.

Поради силниот ветар, еден од мостовите во Задар бил целосно затворен за сообраќај, меѓутоа подоцна бил пуштен во употреба, со нагласување дека е можно негово повторно затворање, барем за оние возила кои што поради својата висина се во опасност.

dubrovnik bura

И во сплитскиот регион властите имаат полни раце работа поради ударот на орканската бура. Во текот на викендот биле отстранувани стебла и гранки од градските улици, а оштетени се и три паркирани возила.

На макарското крајбрежје денес е забележана бура со ветар чија брзина изнесувала 90 километри на час, меѓутоа во неколку наврати истата достигнала и до 160 километри на час. Бурата не предизвикала посериозни штети, но биле оштетени неколку семафори, рекламни паноа и тенди.

Ветрот успеал да собори и кран висок 30 метри, но тој за среќа паднал на спротивната страна од онаа каде што луѓето работеле

Јужниот брег на Хрватска бил зафатен од јужна бура. Орканските ветрови кои се издигнувале од морето околу Дубровник биле толку големи што успеале да ги поплават и градските ѕидини. За претстојниот период во Дубровник е најавена нова бура и дополнително заладување.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1