Низ Преспа појди, ама Подмочани дојди


Главно собиралиште е Свети  Петар и Павле каде секојдневно доаѓаат  мештаните и го одржуваат местото, а доажаат и луѓе од секаде, ја посетуваат, палат свеќи, се фотографираат, си постилаат чаршафи и си јадат, пијат, се дружат.

Црквата „Свети Петар и Павле“, изградена од пред неколку години на ридот наречен Подмочанска Горица, од каде што како на дланка се гледаат цела Преспа и голем дел од езерото, е голема мамка за секој добронамерник кој патува низ Преспа.

Храмот се градеше  со пари од македонските иселеници од Австралија, Америка и од Канада и во црквата, камбанаријата и големиот крст досега се вложени околу 200 илјади евра. Најголемиот дел од парите ги издвоил  бизнисменот од Чикаго, Борис Ничев, кој по потекло е од Подмочани.

Иконостасот во црквата го изработи познатиот македонски копаничар Цветан Николовски, а ѕидните фрески иконописецот Петар Герасимов, додека сега фреските ги црта Васил Трајковски од Скопје и до крајот на август треба да биде се готово.

Благодарение на иселениците и селаните од село Подмочани ( првите помогаа со пари, вторите со работка рака) за неколку години се изградија три христијански храма: Свети Ѓорѓи, Света Петка каде има лековита вода и Свети Петар и Павле.

Најпосетената Свети Петар и Павле се наоѓа на 800 метри над селото, и до неа засега води неасфалтиран пат, Света Петка на 1.8000 метри над селото, а Свети Ѓорги под селото, каде се и селските гробишта.

Главно собиралиште е Свети  Петар и Павле каде секојдневно доаѓаат  мештаните и го одржуваат местото, а доажаат и луѓе од секаде, ја посетуваат, палат свеќи, се фотографираат, си постилаат чаршафи и си јадат, пијат, се дружат.

Но, меѓу жителите остануваат и две прашања- дали црквата е изградена на ваковско, свето место, зошто црква се гради или по сон или по „повик од Бога“ (некои велат е на свето место, некои велат Ничов, од некои наречен и „Исус од Подмочани“, го избрал токму тоа место) и второ прашање, зошто пред црквата како биста на народен херој е истакната биста на неговиот татко Косте Ничов,  кој ја  финансираше големата камбанарија.

Како и да е, прашања и контроверзии  секогаш ќе има, но црквата ќе остане засекогаш како духовно собиралиште на сите кои веруваат во Бога и сакаат поблизок контакт до него.

Share Button

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1