,,Нобел 2012 – Грција за економија, Хашим Тачи за медицина, ЕУ за МИР,,


Ова се реакциите низ светот за одлуката Нобеловата награда за мир да отиде во рацете на Европската Унија.  Твитер заедницита наголемо ја коментира одлуката. Еве што твитерџиите велат за ова.

,,Нобел 2012 – Грција за економија, Хашим Тачи за медицина, ЕУ за МИР,,

,, ЕУ за мир? Па Хашим Тачи за медицина, Грција за економија, Ахмадинеџад за мир, ќе беше подендакво смешно,,

,, Ганди никогаш не доби награда за мир – а Ал Гор доби, тоа ќе му дојде исто со Европа, треба да си ја поделат наградата со НАТО,,

,, Грција ако не добие награда за економија – не ги признавам дека докрај си ја завршиле работата,,

,, Наградата за медицина подитно да му се даде на Хашим Тачи за развој на пресадување органи во невозможни услови,,

,, Очекувам сега и на Русија да и дадете награда за промовирање на ГЕЈ правата ха ха ха,,

,, ЕУ за мир??? па европа е во војна со своите сопствени граѓани,,

,, Најнова вест – 27 членки веќе се испотепаа кој ќе оди во Осло да ја подигне наградата,,

Различни реакции по веста дека Нобеловата награда за мир и меѓу политичарите во светот. Некои се ,,за,, некои ,,против,, но СИТЕ СЕ ЧУДАТ НА ИЗБОРОТ.

Европа добива награда за мир во време кога страшна економска криза ги тресе членките, протести и безредие на сите страни. Врие во Шпанија, во Италија, во Грција.

Европа сеуште го држи Балканот на ивица на војна, не примајќи ги земјите кои со години имаат кандидатски статус. Се уште стои меѓу Србија и Косово, меѓу Хрватска и Словенија, Босна и Херцеговина и нејзините внатрешни поделби, меѓу Македонија и Грција.

Вмешана сегде – решенија никаде!!!

Еве кои се реакциите на политичарите и новинарите на Твитер во врска со оваа одлука за доделување нобелова награда за мир на ЕУ

Уредникот на влијателниот бриселски весник ,,Јуропиан Војс,, Тоби Вогел на својот профил вели.
” ЕУ во целата своја историја работа имаше само со една војна – на Балканот, а таму маестрално ја зезнаа работата,,

“Дејли Телеграф” оценува дека станува збор за “пародија”.
Весникот смета дека наградата за мир и порано одела во погрешни раце,или покренувала сомневање и несогласување,но дека сега е девалвирана со давањето на награда на организацијата која се соочува со најголемата криза во своето постоење и е извор на нестабилност во Европа.

,, угледот на наградата за мир беше доведен во прашање кога му беше доделена на актуелниот претседател на САД Барак Обама,на почетокот од неговиот мандат или на поранешниот претседател Џими Картер, на заменик претседателот Ал Гор,за неговата борба против глобалното затоплување, на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат,а контроверзи предизвика и наградувањето на Далај Лама,, пишува весникот.

Американскиот сенатор John McCain на својот твитер профил напишал ,, не е сатира, ЕУ навистина доби награда за мир,,

Холандскиот ултрадесничар и лидер на Слободарската партија Герт Вилдерс со потсмев прокоментирал.
“ Нобел за ЕУ? Во момент кога Брисел и Европа се пред колапс. Што е следно Оскар за Ван Ромпуј.,,

Познатиот евроскептик, претседателот на Чешка Вацлав Клаус смета дека оваа вест е ВИЦ и не верува во тоа.

Изненаден и екс претседателот на Полска Лех Валенса кој скромно изјавил ,, па јас сум навикнат на награди за поединци,,

Jose Manuel Barroso@BarrosoEU It is a great honour for the whole of the #EU, all 500 million citizens, to be awarded the 2012 #Nobel Peace prize.

Ironic that Norway offers the #Nobel Peace Prize to the European Union, while Norway is not even a part of the union. #EU

 Anti-austerity protests in Portugal,Spain,Greece,Italy & France,Nationalism,Fascism, unemployment and poverty. Yeah EU deserves it! #Nobel

BREAKING: The 27 member states are already fighting over who is going to pick up the prize in Oslo. #Nobel #EU

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1