Мит Ромни убедливо води во Кентаки, со освоени 68,8 отсто од гласовите, Индијана со 64 отсто, Западна Вирџинија 65 отсто, Оклахома 69.9 отсто од гласовите, како што и се очекувало, но има уште многу пребројување – ова ќе е долга ноќ.
за MKnews.MK од САД Ана Ношпал
Најскапите претседателски избори во историјата на Америка, за кои беа потрошени 2.6 милијарди доалри, привршуваат.
Досегашните неофицијални резултати покажуваат дека републиканецот Мит Ромни убедливо води во Кентаки, со освоени 68,8 отсто од гласовите, Индијана со 64 отсто, Западна Вирџинија 65 отсто, Оклахома 69.9 отсто од гласовите, како што и се очекувало.
Претседателот Барак Обама, како што пренесува СИ-ЕН-ЕН, убедливо го победи својот противник во Вермонт, како и во Њу Хамшер со освоени 65 отсто од гласовите.
Над 200 милиони граѓани на САД денеска имаат право да го дадат својот глас за еден од кандидатите за претседател.
Гласачките места се затворија во Вирџинија, Индијана, Џорџија, Кентаки, Јужна Каролина, Оклахома, Вермонт. Алјаска ќе ги затвори своите гласачи места последна, во 01.00 часот во среда.
Во меѓувреме, додека се пребројуваат сите гласови и додека не излезат официјалните резултати, ве информираме за тоа како течеше гласањето во некои од државите во САД.
– Некои од граѓаните се појавија на гласачките места облечени како “Big Bird”.
– Во Мичиген, постар граѓанин за време на своето гласање се здобил со срцев удар чиј живот бил спасен од една медицинска сестра.
– И покрај тоа што била со труднички болки, 21-годишната Галиција Малон успеала да дојде до гласачкото место и да го даде својот глас.
– Пол Рајан и Мит Ромни додека ги чекаат резултатите, се одлучиле својата кратка пауза за топол оброк да ја направат во Wendi’s, Кливленд.
– Медиумската куѓа Ен-Би-Си, обајви дека една гласачка машина била исфрлена од употреба бидејќи променила еден глас за Обама во глас за Мит Ромни .
– Според официјлани извори, 50 милиони квалификувани американци денека нема да го дадат својот глас.
– Некои држави воведоа закон да не се покажува „својот глас“ преку социјалните мрежи. Во спротивно ќе им биде поништен.
Според досегашните податоци, Претседателот Обама има подршка од 50,9 отсто а Ромни 48,3 отсто од избирачите.