Норвешка го прослави својот 199 роденден!


Дека 17ти Мај е најважниот ден за Норвешка потврди денешниот ден и денешната неколкучасовна прослава низ целата земја.

norveska3

Главниот град на Кралството Норвешка, Осло, беше обоен во боите на норвешкото знаме, а милиони норвежани и многубројни туристи излегоа низ улиците на градот за да го прослават роденденот на Норвешка.

Кралското семејство излезе на балконот на Кралската палата лоцирана во така наречениот Слот парк во Осло, за да ги поздрават многубројните учесници на парадата.

Детската парада на која учествуваа децата од градинките во Осло, учениците во основните и средните училишта поткрепени од училишните оркестри траеше нешто повеќе од 3 часа.

norveska

Облечени во традиционалните костими, бунад, со норвешкото знаме во рацете, учесниците на парадата поминуваа неколку километри пеш за на крајот да го поздрават Кралското семејство и да ја запеат норвешката химна.

Инаку, Уставот на Норвешка со кој се прогласува независноста на норвешката нација е донесен во 1814 година во Еидсвол.

norveska3Во 1864 година во Кристијанија, денешно Осло, била започната традицијата за организација на парада на која учество земале само момчиња.

Понежниот полза прв пат бил вклучен во парадата организирана во 1899 година. 17ти Мај како национален празник и ден на независноста од 1905 година го става акцентот на кралското семејство. Денеска кралското семејство и понатаму ја игра главната улога на прославата.

За МКДNews од Осло, Норвешка
Славица Савеска Кењереш

Share Button
Славицa Савеска Кењереш

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1