Александар Лазарев, инженер од Украина, за светската јавност откри дел од протолкуваните предвидувања на Нострадамус за оваа година.
Тој вели дека Нострадамус предвидел оти оваа година ќе бидат извршени атентати на четворица премиери, а потоа ќе дојде и до Трета светска војна во која ќе се користат хемиски и нуклеарни оружја.
Ќе има мал број живи луѓе од кои повеќето ќе страдаат од болести на кожата и рак.
Според предвидувањата на Нострадамус, луѓето ќе бидат во паника, ќе има конфликт меѓу две светски религии, а ќе бидат уништени и цели земји.
Францускиот астролог предвидел дека токму во 2014 година планетата Нибиру ќе прелета толку блиску до Земјата , дека „ќе може да се допрат“.
Со тоа би можела да се помрдне и земјината оска, едната половина да се замрзне, а другата да стане пустина.
Инаку, претходно, според пророштвата на Баба Ванѓа, во 2014 не очекува болест потешка и од СИДА, како војни.