Нов многу болен вирус се појавил – Издадено е и официјално предупредување (Видео)


Вирусот што предизвикува болка до тој степен што ги тера пациентите да врескаат во кревет со денови, пристигнал во западната хемисфера.

2D10158208-131218-asian-tiger-mosquito-1045a.blocks_desktop_smallОд Центрите за контрола на болестите алармираат дека треба да се превземат мерки на претпазливост. „Chikungnya“ вирусот го имаат потврдено кај 10 луѓе од француската страна на Свети Мартин на Карибите, а многу веројатно е истиот да заврши во САД, велат од CDC. Истиот се шири од комарците кои го пренесуваат и Денга вирусот.

„Микробите немаат граници и појавата на Chikungunya вирусот во западната хемисфера претставува една закана за безбедноста на здравството, вели директорот на CDC доктор Том Фриеден. CDC експертите предвидуваат и се подготвени за неговото доаѓање кое се очекува за неколку години и имаат надзорен систем кој може да им помогне да го следат.

Вирусот обично не е смртоносен, но може да предизвика лоши главоболки, болки во зглобовите, осип и грозница. Неговото има на Makonde јазикот, кој се зборува во Танзанија и Мозамбик во Африка, значи „that which neds up“, односно ја означува болката од која пациентите често се згрчуваат од болка. Вирусот почна да се шири надвор од Африка во регионот околу Индискиот Океан, Азија и Европа. Досега само 109 патници го имаат пренесено во САД, каде продолжува да се шири. Вирусот Западен Нил, исто така е пренесен од страна на комарци, а пристигнал во САД во 1999 година и сега се шири низ цела Северна Америка.

bakteria, virus, labaratorijaЕдна студија минатата година предвиде дека само едно заразено лице, може да биде почеток за ширење на истиот низ целиот Њујорк, а азиските тигри комарци, веќе на големо се шират низ градот. CDC проценува дека околу 9.000.000 американски жители патуваат во Карибите секоја година. Со оглед на обемот на патници, Chikungunya може да предизвика ширење на истиот на копното на САД. Патниците кои го посетуваат Св. Мартин, треба да превземат дополнителна заштита од каснување на комарец, велат од CDC.

Тие треба да носат долги ракави и панталони, и да користат посебна опрема за прозорците и вратите за да ги задржат комарците надвор. Патниците кои се враќаат од Карибите кои се соочуваат со треска и болки во зглобовите, како и главоболки, мускулни болки или осип, треба да побараат медицинска нега и да алармираат за можни други случаи“, велат од CDC. Најстрашно е што засега нема вакцина и нема специфичен третман за Chikungunya.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1