Нов напад со нож во Лондон на местото каде беше убиен војникот


Во југоисточниот лондонски кварт Вилич, каде што на 22-ри мај беше масакриран британски војник, во неделата попладне непознат со нож нападнал маж, пренесе телевизијата Sky News.

article-2329089-19F05BF7000005DC-115_634x4931Подробности за инцидентот не се познати, само дека нападот се случил на 300-ини метри од местото каде што во средата беше заклан 25-годишниот британски војник Ли Ригби, во близина на касарната.

„Мажот бил нападнат околу 300 метри од местото каде што е убиен Ли Ригби. Нема потврда дека двата инцидента се меѓусебно поврзани”, се наведува во извештајот на телевизијата.

Од лондонската полиција соопштиле дека примиле повик за напад со нож на улицата Велингтон Стрит неколку минути пред 16 часот по локално време, при што се додава дека на местото на инцидентот излегле екипа на брата помош и полициски увиден тим кој продолжил со работата.

Засега нема приведени за неделниот напад, а повредениот не е во животна опасност.Неколку часа претходно местото на убиството на Ригби го посети семејството на војникот.

Нападот во кој беше убиен 25-годишниот британски војник Ли Ригби, беше извршен среде градскиот метеж попладне во близина на касарна во квартот Вулвич во југоисточен Лондон, а напаѓачите притоа извикувале повици кои ги употребуваат исламистичките борци.

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1