Нов обид на“супер бабата“ ќе плива од Куба до Флорида без заштитен кафез од ајкули!


Упорната Американка Диана Ниад по четврти пат се обидува да биде првата личност што препливала од Куба до Соединетите држави без заштитен кафез од ајкули.

Има неколку убоди од медуза, поради што се откажа во минатиот септември, но сега го продолжува своето 166 километарско патување. Ниад ја напушти Куба во саботата попладне, во вторник планира да биде на Флорида. За заштита од ајкули, се потпира на електронскиот штит. Почнала да плива во 1978 година, со своите 62 години никако не се откажува од овој голем потфат.

По 19 часа пливање, Ниад продолжува да напредува одржувајќи редовно темпо од 50 замавнувања во минута, информира нејзниот тим, притоа додавајќи дека пливачката се чувствува одлично. Сепак ноќта била тешка за Ниад велат од тимот, се здобила со повеќе убоди од медуза, затоа сега носи специјално одело што ја заштитува од глава до пети. Постојано е опкружена и од експерти за медузи и нуркачи кои со детектори ги насочуваат ајкулите во други правци.

Tags: , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1