46 годишен скопјанец прободен со нож во стомакот – се обидел да го совлада напаѓачот кој му влегол во станот во Козле


Вчера околу 22.20 часот, вистинска драма се одвивала на ул.„Васил Ѓоргов“ во  Козле во близина на агенцијата за вработување.

Засега непознато лице влегло во станот на 46 годишниот Деан Д. и го нападнал. Деан пружил отпор по што настанала борба меѓу напаѓачот и него. Напаѓачот со нож му нанел убодна рана во пределот на стомакот. Испукани биле и два  куршуми од пиштол, не се знае дали од страна на напаѓачот или од страна на Деан.

Тој е веднаш пренесен во Ургентен центар-Скопје, а напаѓачот избегал од местото.

Според првичните информации на полицијата напаѓачот влегол во станот на Деан, кој не бил заклучен. Полицијата истржува дали се работело за обид за кражба или не, но првично од станот не недостасува ништо.

Според непотврдени информации на MKnews.MK напаѓачот го следел сопственикот, дури и во лифтот биле заедно. Кога Деан влегол во својот стан напаѓачот најверојатно забележал дека тој не ја заклучил вратата. Деан бил сам во станот, неговото семејство не било дома. Напаѓачот влегол преку незаклучената врата и започнала физичката пресметка. 46 годишниот Деан се обидел да го совлада, но напаѓачот го избодел со нож во пределот на стомакот.

Полицијата направила увид се трага по сторителот.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1