Нов скандал во Малезија ерлајнд – стјуард сексуално злоставувал патничка


Стјуарт на Малезија ерлајнс задржан е во Франција поради обвиненијата дека сексуално нападнал австралиска патничка, која на членовите на екипажот им признала дека чувствува страв затоа што лета со оваа компанија.

malezija-avion-630x354На летот МХ20 кој на 4 август леташе од Куала Лумпур наводно дошло до непримерно сексуално вознемирување од страна на стјуардот спрема една патничка.

Кога признала дека има голем страв да лета со малезиската авиокомпанија, главниот стјуард седнал покрај неа и сексуално ја искористил под изговор дека сака да ја утеши. Таа го пријавила случајот на француските власти кога авионот слетал на парискиот аеродром.

Претставниците на Малезија ерлајнс и ветиле на француската полиција дека ќе помогнат во истрагата истакнувајќи дека сигурноста, удобноста и доброто на патниците им се на прво место. Малезија ерлајнс е пред финансиски колапс по две воздухопловни катастрофи. Најпрво во март мистериозно исчезна авион на летот МХ 370 чија што судбина, до денеска е непозната.

Четири месеци подоцна авионот на истата компанија е соборен над Украина при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1