Намалување на дневните температури за седум до осум степени, зголемено наоблачување, повремени сончеви периоди, услови за локален краткотраен дожд и засилен северен ветер ја очекува територијата на земјава од петок.
Во наредните денови ќе има зголемено наоблачување, повремено ќе има и сончеви периоди, но ќе има и услови за локален краткотраен дожд кој повеќе ќе биде застапен во западните подрачја на земјава, особено в сабота. В четврток ќе има засилување на ветерот од јужен правец, а од петок ќе дува засилен северен ветер кој ќе овозможи пад на дневната температура за седум до осум степени.