Нова афера во Велика Британија – свинско месо наместо говедско


Додека во Велика Британија се уште трае аферата поврзана со коњското месо продавано како телешко, на повидок е нова бидејќи ланецот супермаркети „Вејтроз“ најави повлекување на замрзнати телешки ќофтиња во кои се пронајдени траги од свинско месо.

mesoПо повикот на Агенцијата за прехранбени стандарди во Велика Британија упатен до сите поголеми доставувачи на месо да се спроведат итни тестови за сите говедски производи за присуство на коњско месо, се огласи ланецот супермаркети „Вејтроз“.

Управата на „Вејтроз“ соопшти дека ги повлекува сите замрзнати јадења со телешки ќофтиња во кои се пронајдени траги од свинско.

Британската агенција за безбедност на храната соопшти дека вчера заедно со британската полиција спроведе истрага во една англиска месарница и ирска фабрика за кои постои сомневање дека биле снабдувачи на телешкото за ќебапи и хамбургери во кои се пронајдени трагите од коњско месо.

Скандалот изби на 31 јануари 2012 година, кога гигантот за брза храна Бургер Кинг откри дека некои од неговите производи се контаминирани со коњско месо. Потоа на 16 јануари Ирската агенција за безбедност на храната објави дека на британските супермаркети им се испорачани говедски хамбургери со траги од коњска ДНК, кога од продажба се повлечени десет милиони пакувања, за да на 4 февруари биде прекинато производството во уште една ирска компанија за производство на месо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1