Нова армија невработени во еврозоната



Нови 4,5 милиони невработени во еврозоната за четири години доколку не престанат мерките за штедење, предупреди Меѓународната организација на трудот (ILO).

Доколку ваквите најави се остварат, бројот на невработени во 17-члената еврозона би можел да порасне на 22 милиони, а последиците од долгиот период на штедење ќе бидат особено тешки за младите.
Од ILO истакнуваат дека во моментов потребна е политика која ќе ги одврати државите од мерките за штедење и ќе работи на отворање нови работни места.
Поради ваквата ситуација во опасност е доведена и комплетната светска економија тврдат од ILO.
Стапката на невработеност во еврозоната во мај изнесуваla 11,1%, а невработеноста кај младите под 25 години 22,6%.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1