Нова авиолинија Скопје-Хановер


Хановер е новата линија која од 31 октомври ќе сообраќа од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, а билетите ќе се резервираат по цени почнувајќи од 899 денари за билет во еден правец, соопштија денеска од ТАВ и Визер.

Авиопревозникот ќе оперира на оваа линија два пати неделно за време на зимската сезона 2016/2017 година. Секој понеделник и петок воздухопловите ќе заминуваат од Скопје, додека во вторник и сабота ќе пристигнуваат од Хановер.viz air avion

Првиот авион од Скопје за Хановер во понеделник ќе полета во 18:50 часот, а потоа од Хановер ќе пристигне во Скопје на 1 ноември во 00:25 часот.

– Хановер е 23-та дестинација со која Визер оперира од скопскиот аеродром „Александар Велики“, а истовремено деветта дестинација од Скопје и од Македонија до Германија. Очекуваме оваа авиолинија да се покаже како успешна и да ги поврзува нашите патници со Германија, од деловни и образовни причини или пак за одмор и релаксација, а во исто време да донесе и германски туристи и бизнисмени во Македонија – истакна генералениот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски.

Скопскиот аеродром е поврзан со осум други градови во Германија: Берлин, Келн, Дортмунд, Франкфурт, Фридрихсхафен, Хамбург, Минхен и Нинберг, сите управувани од Визер.

Скопскиот аеродром Александар Велики нуди директни линии до 33 дестинации, а заедно со охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, Македонија во моментов има авионска врска со вкупно 35 дестинации.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1