Денеска ќе објавиме докази кои ја потврдуваат поклопеноста на државата од неколку луѓе. Ќе слушнете зошто во извештаите на ОБСЕ токму МВР е посебно посочено како пример каде се поклопуваат државата и партијата, ќе видите како возилата на МВР се користеле за партиски потреби, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција објавувајќи ја најновата „бомба“.
Тој истакна дека доказите на денешната прес конференција ќе ја потврдат узурпацијата на се во државата од страна на ВМРО-ДПМНЕ
– Ќе слушнете како функционира системот на пресметка со неистомислениците. Живко Поповски, татко на министерот Никола Поповски, го избркал претседателот на синдикат на воздухопловното претпријатието поради непослушност, ќе слушнете како факултетите се полнат со асистенти со цел се да се исчисти „да не има уште некој комуњар“, како од УБК биле тргнати сите кои поради некоја причина покажале незадоволство и решиле да тужат, како Јанкулоска лично им пресудила – рече Заев.
Видео на следниот ЛИНК