Трагедија во Кичево: 45 годишен подофицер на АРМ почина при тренинг во касарната


Во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево, денеска околу 11:40 часот за време на редовна физичка проверка, на 45 годишна возраст, почина подофицер на АРМ.arm

При проверката на една од дисциплините, трчање на 3.200 метри, на подофицерот видно му се слошило, од каде со воено санитетско моторно возило бил пренесен во медицинскиот центар во Кичево, каде лекарите по кратко време, констатирале смрт.

Според првичните сознанија, до смрт дошло како резултат на инфаркт.

Согласно воспоставената стандардна процедура, со задолжителниот лекарски преглед пред почетокот на проверката, кај починатиот подофицер од страна на лекар е утврдена добра здравствена и психофизичка состојба, како услов за реализација на проверката.

Kurir.mk

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1