Нова бомба на СДСМ за партиската војска во институциите


Денеска ќе објавиме докази кои ја потврдуваат поклопеноста на државата од неколку луѓе. Ќе слушнете зошто во извештаите на ОБСЕ токму МВР е посебно посочено како пример каде се поклопуваат државата и партијата, ќе видите како возилата на МВР се користеле за партиски потреби, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција објавувајќи ја најновата „бомба“.zaev sdsm

Тој истакна дека доказите на денешната прес конференција ќе ја потврдат узурпацијата на се во државата од страна на ВМРО-ДПМНЕ

– Ќе слушнете како функционира системот на пресметка со неистомислениците. Живко Поповски, татко на министерот Никола Поповски, го избркал претседателот на синдикат на воздухопловното претпријатието поради непослушност, ќе слушнете како факултетите се полнат со асистенти со цел се да се исчисти „да не има уште некој комуњар“, како од УБК биле тргнати сите кои поради некоја причина покажале незадоволство и решиле да тужат, како Јанкулоска лично им пресудила – рече Заев.

Видео на следниот ЛИНК 

 

 

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1