Нова дадилка-монструм во Скопје – ја тепала бабата која требало да ја чува


Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против 64-годишната Ј.М. од Скопје, поради основано сомнение дека извршила кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, соопштуваат од МВР.tepacka1-1-

Имено, во март годинава, Б.В., син на оштетената, со усмен меѓусебен договор се договорил со пријавената истата да се грижи и да ја чува неговата 84-годишна мајка, која е болна од Паркинсонова болест и деменција и е тешко подвижна, а за сметка на тоа тој без надомест и овозможил да живее заедно со мајка му и се грижел финансиски за сите нејзини потреби, бидејќи пријавената немала сопствен дом  и средства за егзистенција.

На 21-ви овој месец, од страна на Б.В. преку поставениот видео надзор во станот на приземјето каде што живее неговата мајка – оштетената Н.В. заедно со пријавената Ј.М., случајно забележал на снимката која се снимала во тој момент како пријавената физички ја малтретирала неговата мајка удирајќи ја со рацете по главата и телото тегнејќи ја за косата, и туркајќи ја на креветот.

Откако го видел тоа, Б.В. се симнал  на долниот кат, и истата ја спречил и понатаму физички да ја напаѓа и малтретира неговата мајка, по што ја истерал пријавената од нивниот дом. Горепријавената во повеќе наврати и во претходните месеци без повод и причина физички ја малтретирала оштетената. Во саботата во полициската станица „Кисела Вода“ горепријавената е лишена од слобода и со неа е извршен  службен  разговор, соопштуваат од МВР.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1