Нова драматична снимка од пештерата: Милјардерот влезе во поплавената комора за да им помогне на децата


Илон Маск, милјардерот кој понуди помош во спасувањето на децата на Тајланд објави на својот Инстаграм ново видео од пештерата.

„Само што се вратив од комората 3“, напиша Маск покрај оваа снимка.

Инаку, милјардерот изгради „подморници со големина на дете“ кои ги понуди за спасување на заробените деца.

Подморницата без сопствен погон е доволно мала за да ја влечат или туркаат двајца нуркачи. Таа е направена од цевка за пренос на кислород за вселенската ракета Фалкон 9 која припаѓа на неговата компанија Спејсекс.

Маск ја претстави подморницата на Фејсбук и Твитер.

Шефот на спасувачката мисија на Тајланд, Наронсак Осатанакорн му се заблагодари на Маск за помошта, но наведе дека подморниците не можат да се користат.

„Иако неговата технологија е добра и софистицирана, тоа не е практично за оваа мисија“, рече Останакорн.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1