Нова телевизија на македонскиот етер


Нова интернет телевизија Бла Бла Тв ќе почне да функционира во македонскиот етер од крајот на декември.

bla-bla-tv2

„Бла Бла Тв е нова, урбана, независна, алтернативна интернет телевизија, која за разлика од другите веќе постоечки интернет телевизии во Македонија има цел да лачи програмска шема 24 часа. Најмногу простор ќе отстапува на квалитетната андергаунд,  македонска, балканска и светска музика, со повеќе емисии во сопствена продукција, копродукции, како и надворешна продукција. Документарни филмови, студентско кино, независни филмски остварувања, анимации и серијали ќе бидат дел од програмската шема на Бла Бла Тв“, се вели во соопштението од телевизијата.

Телевизијата ќе почне да го исполнува македонскиот етер од крајот на декември, а од 15 јануари 2015 се планира да започнат да се прикажуваат и првите емисии во сопствена продукција. Дел од продукцискиот  тим  се млади и веќе докажани луѓе од седмата уметност.

„Водители на емисиите ќе бидат млади и талентирани момци и девојки кои ќе внесат свежина на програмата, а Виктор Петров – Викса ја има честа да биде главен јунак на телевизијата како веќе докажан бренд на македонскиот радио-телевизиски етер“, се вели во соопштението.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1