Новата грчка влада положи свечена заклетва


Членовите на владата на Кирјакос Мицотакис, министри, заменици и алтернативни министри, вкупно 51, денеска положија свечена заклетва пред претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и пред атинскиот архиепископ Јерпнимос, во претседателската палата.

По завршување на свечениот и традиционален дел на положување заклетва, што секогаш следи по објавувањето на новиот владин состав, министрите се упатија кон нивните министерства, каде официјално ќе ја преземат новата функција од нивните претходници.

Новиот шеф на грчката дипломатија, од претседателската палата замина кон Министерството за надворешни работи на Грција, каде во 13 часот по локално време, Јоргос Катругалос ќе му ја предаде функцијата на новиот МНР на Грција, Никос Дендиас.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1