Новата опција на ФБ може СКАПО да ве чини: ДОЗНАЈТЕ како да се заштите на време!


Неодамна Фејсбук на своите мобилни апликации овозможи автоматско пуштање на видео клипови во news feed. Иако оваа функција на некои корисници добро ќе им дојде, може да се случи на многумина да им направат големи сметки за телефон, затоа што е утврдено дека троши голема количина податоци за пренос.

facebook-messenger-08-700x393Од компанијата тврдат дека се труделе овие видео снимки да користат што помалку податоци за пренос, што сепак не е случај, но за среќа оваа опција може да се исклучи на следниот начин:

Доколку користите iPhone, одете во Settings, пронајдете го Facebook и отворете ја таа опција. Потоа одете во Settings, па Auto-play и изберете ја опцијата Off или Wi-Fi only .

Доколку пак користите Андроид отвортете ја Фејсбук апликацијата одете на подесување и кликнете App Settings и потоа одберете ја опцијата Wi-Fi only или Off.

На овој начин ќе бидете сигурни дека на крајот на месецот нема да ви стигне непријатно изненадување.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1