Нови 100 загинати во нападите во Сирија!


Европската унија мора да се подготви за хуманитарна криза во Сирија соопшти кипарското претседателство со Унијата.Брисел со остра осуда против бомбашкиот напад во Дамаск, истакнувајќи ја потребата за мировниот план на Обединетите Нации.

Во текот на денешниот ден се убиени околу 100 лица, речиси половината од нив цивили, се вели во извештајот на сириската организација за човекови права.

Престрелките што го тресат главниот град на Сирија траат веќе четири дена. Денеска според активистите најпогодени биле јужните, источните и западните предградија на Дамаск, а најинтензивни биле нападите непосредно до центарот на градот.

За време на 16 месечната криза според сириските опозициски активисти, животот го загубиле повеќе од 17 илјади лица.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1