Нетанјаху се закани дека ќе се одмазди за терористичкиот напад


Откако претходно го посочи Иран како единствен осомничен за денешниот терористички напад во Бургас Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека неговата земја „ќе одговори со сила“ на овие удари.

– Сите траги водат кон Иран. Во последните неколку месеци сите сме сведоци на голем број обиди на Техеран да им наштети на израелските граѓани во Тајланд, Индија, Грузија, Кенија, Кипар и ред други држави, изјави премиерот преку соопштение, пренесува Бгнес.

 Тој истакна дека иако пред осумнаесет години, сепак добро се сеќава на бомбашките напади над еврејската заедница во Аргентина.

 Според него неподносливиот ирански терор продолжува да повредува невини луѓе.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1