Бесплатна апликација за ајфон открива рак на кожата?!


Мобилните телефони на многумина им користат само како часовник, на некои како роковник, па дури и телевизор, но овие апарати сега добија уште една намена. Благодарение на новата бесплатна апликација, сега можете да откриете рани знаци на рак на кожата.

Стручњаците од Универзитетот во Мичиген смислиле апликација за ајфон која со помош на неколку фотографии од телото открива рани знаци на рак на кожа.

Потребно е корисникот да направи 23 фотографии од својата кожа, според кои апликацијата „UMSkinCheck“ може да препознае сомнителни појави и бенки.

Лекарите велат дека веќе добиваат фотографии од пациентите кои ја користат оваа апликација.

Годишно од рак на кожата заболуваат околу два милиони Американци. Ризикот од оваа смртоносна болест особено е висок кај лица кои премногу се изложуваат на сонце, посетуваат солариум или имаат предци кои ја имале оваа болест.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1