Нови докази: Авионот на „Џерман Вингс“ паѓал 18, а не осум минути


Според новите докази што денеска се појавија во истрагата за причината за вчерашното уривање на авионот Ербас А320 на компанијата „Џерман Вингс“ над Алпите, падот на леталото траело 18, а не осум минути, како што претходно се веруваше.

Француската министерка за животна средина и сообраќај Сеголен Роајал изјави дека екипажот на авионот престанал да се јавува вчера во 10 часот и 30 мкинути, додека се наоѓал над Медитеранот, а во 10 часот и 48 минути удрил во Алпите.german wings avion

За тие 18 минути авионот постепено паѓал од висина од 28.000 стапки на висина од 2.000 стапки и за тоа време не испратил никаков повик за помош.

Роајал наведе дека тоа што се случило во кокпитот е од клучно значење.

Претходно, францускиот министер за надворешни работи Бернар Казнев истакна дека истражителите ги разгледуваат сите можности за причините за авионската несреќа, но ја исклучи можноста од терористички напад.

Тој наведе дека црната кутија е пронајдена на 2.000 метри надморска височина и оти е многу оштетена.

Францускиот државен секретар за сообраќај Ален Видал потврди дека почнала работата на репродуцирање на виталните податоци од кокпитот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1