ФОТО: Загина цело одделение, палат свеќи во чест на своите соученици


Со знамиња на половина копје, во плач и болка во малото германско гратче Халтерн во покраината Северна Рајна, десетици ученици и нивни родители во тивка атмосфера во која се слушаат само птиците од околните дрвја, палеле свеќи за своите соученици.

Гимназијата „Јозеф-Кениг“ не може да се соземе по загубата на групата што беше замината на ученичка размена кај шпански другарчиња, кои претходно биле гости во малото гратче во Германија.deca avion

Десетици ученици и нивни родители во тивка атмосфера во која се слушаат само птиците од околните дрвја, палат свеќи за своите соученици. Гимназијата „Јозеф-Кениг“ не може да се соземе по загубата на групата што беше замината на ученичка размена кај шпански другарчиња, кои предходно биле гости во малото гратче во Германија.

– Градот се соочува со нешто што не е видено со генерации, вели Антје Нукер, која дури ни уништувањата од Втората светска војна не може да ги спореди со денешната трагедија. – Да се загуби и еден млад живот е трагедија, но со 16 загубени млади животи ќе биде претешко да преминеме преку тоа, додава таа, пренесе МИА.

Дел од собраните ученици се уште се надеваат дека се работи за грешка и дека нивните другари наскоро ќе се вратат дома.

Починатите ученици, кои оделе во десети клас, се враќаа дома по една недела програма за размена на Институтот „Гиола“ во Линарс дел Валес близу Барселона. Тие се враќале по завршување на програмата за учење шпански јазик, што според министерот за образование на Северна Рајна Вестфалија најверојатно било најдоброто искуство во нивните млади животи, пренесе МИА.

На градот од 37 илјади жители ќе му треба уште долго време да се опорави од големата трагедија што би била сериозен предизвик и за милионски центри. Молкот и драматичната тишина кога што се забележува на секој чекор најдобро покажува како сограѓаните на настраданите ученици се справуваат со трагедијата на летот Барселона – Дизелдорф.

Училиштето ќе започне со работа наредната недела, но часовите уште долго ќе бидат фокусирани на залекување на болката со која што на крајот најинтерзивно ќе мораат да се соочат најблиските на загинатите ученици и наставници. Останатите ќе треба да ја дадат сета потребна морална поддршка.

Тагата е голема и во сите други градови на Германија. Уште посилна е кај семејствата и фановите на двајца познати германски оперски пејачи. Француските власти потврдија дека бас-баритонот на Дојче операта во Рајн и контра-алтот Марија Раднер со својот сопруг и бебето го загубиле животот на трагичниот лет.

Германската канцеларка Меркел побара сите Германци да ја пружат сета морална поддршка за семејствата и блиските на настраданите

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1