Нови докази: ,,Плескањето,, и шамарот како казна создава ментални пореметувања кај децата


Не ги казнувајте децата со туркање, шамар или плескање – создава ментални проблеми кај нив – ова го покажала најновата студија објавена во реномираното списание ,, педијатри,,.

Децата кој се ,,плескани,, удирани или туркани како мерка за дисциплина имаат значително поголем ризик да развијат ментални болести и проблеми во подоцнешниот живот. Најчесто се депресивни, анксиозни, дезоирентирани или склони на алкохол и дрога, ова го покажала најновата студија објавена во списанието ,, педијатри,,.

Ова е за прв пат една студија да докаже дека ,,неагресивното,, казнување на децата и неколку врсти на ментални пореметувања се тесно поврзани.

Автор е Tracie Afifi.

Покрај психичкото, сексуалното злоупотребување и секако емоционалната запоставеност и неагресивното казнување може да доведе до ментални проблеми,  Вели Афифи која е професор на универзитетот Манитоба.

Речиси од 2 до 7 насто од менталните пореметувања кој биле испитувани се поврзани со казнувањето, се вели во студијата.

Казнувањето не смее да се користи во ниту една фаза од детството, вели авторот на студијата.

За изработка на оваа студија биле користени дата податоци од 35.000 возрасни лица во Америка.

Правото на родителите да користат психичка казна е забрането во повеќе од 30 држави во светот. Но не и во САД или Канада. Овие земји забрануваат казнување на децата дури и во домашни услови.

Sweden: 1979

Norway: 1987

Austria: 1989

Israel: 2000

Germany: 2000

Spain: 2007

Netherlands: 2007

New Zealand: 2007

Kenya: 2010

South Sudan: 2011

извор: endcorporalpunishment.org

Околу 1.300 од испитаниците кој се над 20 годишна возраст изјавиле дека биле подложни на некој вид неагресивна казна како деца. Најчесто биле ,, потурнувани,, зграбчени,, им се удирало шлаканица,,

Сепак некој научници пак тврдат дека популарното ,,spank,, или како што велат старите ,,удирање по газето,, ако се користи правилно е многу корисно за воспитување на децата. Да разберат што е лошо, а што добро.

” Ваквото казнување е добро за дисциплина. За младите деца има значење на поука. Децата се загрижени зошто биле казнети и знаат кога се казнети и не мислам дека тоа може да има толку фатални последици по животот на овие луѓе понатака,, вели психологот Robert Larzelere, од универзитетот Оклахома

Сепак авторите на најновото истражување се децидни – ,, ние сме убедени, и ве предупредуваме, дека нашите податоци се точни, а тие покажуваат дека психичката казна не треба да се користи кај децата – на ниту една возраст, родители бидете свесни за тоа,, вели авторот на студијата Tracie Afifi.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1