Премиерот Ивица Дачиќ во разговор со обвинителот Клинт Вилијамс, изјавил дека Владата на Србија ќе ја даде целосната поддршка, како би се расветлиле сите злочини на Косово и Метохија.
Шефот на Еулекс, го информирал премиерот за досегашниот тек на истрагата, проблемите кои ги пратат истражните постапки и како што се наведува во соопштението од кабинетот на премиерот, најавено е дека во наредните месеци, неговиот тим да работи и на територијата на централна Србија.
Претседателот на српската Влада им ветил дека МУП дека ќе обезбеди максимална заштита на сведоците, а Владата ќе ги охрабри сите потенцијални сведоци да помогнат во истражувањето на направените злосторства. Вилијамс денеска ќе се сретне со претседателот на Србија, Томислав Николиќ и неговите српски колеги, обвинителот за воени злочини Владимир Вукчевиќ.
„Очекувам да се договориме за наредните чекори. Ние дојдовме до нови докази и ќе ги презентираме пред Вилијамс и мислам дека тој ќе биде задоволен со истите“, изјави обвинителот за воени злочини Владимир Вукчевиќ.
Клинт Вилијамс пристигнува во Србија по нешто повеќе од месец дена, од кога јавноста дознала дека Обвинителството за воени злочини има сведок кој учествувал во вадењето на органите на Србин во една импровизирана болница на северот на Албанија.
Во специјалната емисија РТС емитувана на 10 септември, беше пренесен дел од исповедтта на заштитниот сведок – зборуваше за обдукцијата, операцијата и транспортот на органите до аеродромот во Тирана.
„По неколку минути ме повикаа да влезам во куќата каде што беа моите надредени. Еден од високите познати старешини ми рече (секоја чест, ти се позлатило, вакви војници ни требаат на Косово, само така ќе победиме)“, изјавил заштитниот сведок во емисијата, Анатомија на злочините на УЧК.
Клинт Вилијамс на местото шеф на Еулекс, е именуван од октомври 2011 година. Констатирал дека извештајот на Дик Марти на Советот на Европа, несомнено влијаел на имиџот на Косово и тамошните луѓе на власт. Да потсетиме Дик Марти во извештајот навел дека во злочинот е вмешан и претседателот на Владата на Косово Хашим Тачи.