Граѓаните што изгубиле личен документ од денеска наместо во „Службен весник“, ќе може да го пријават на шалтерите во управните служби на МВР.
На тој начин со самата објава на изгубен личен документ граѓаните веднаш ќе почнат постапка за вадење нов.
Овој проект чиишто тест-период се изведуваше деновиве, е заеднички на МВР и ЈП „Службен весник на РМ“, и со него се овозможува скратување на процедурата за пријавување, а граѓаните новите документи може да ги извадат во многу пократок период.
Во Македонија, според досегашната статистика, во просек 30.000 граѓани годишно ги губат своите лични документи, од кои најмногу лични карти, потоа возачки дозволи, патни исправи и најмалку сообраќајни дозволи.