Нови протести за „Монструм“ во петок – сега со официјален организатор


  Координативниот организационен одбор за случајот Монструм со претседавачот Бедри Ајдари повикува на нови протести во петок, јавуват медиумите на албански јазик во земјава. Ова е првиот од серијата протести зад кој стои и официјален организатор, а во повикот бараат поддршка од сите Албанци „да продолжат со мирните протести, со кои, според нив, се демаскира државното насилство која македонската влада го врши врз албанскиот народ“, пренесува Новатв

protesti555-Слободата како елементарно право на сите луѓе нема цена. Таа, иако е гарантирана со закон, законите и власта ги злоупотребуваат оние за кои треба да се грижат. На досегашните протести учествуваа граѓани од сите профили и општествени слоеви, со што јавно во име на семејствата им изразуваме благодарност за упорноста и волјата за целосното расчистување на монтираниот политички процес Монструм – вели за порталот „Алмакос“ Бедри Ајдари, претседавач на Координативниот организационен одбор за случајот Монструм.

Ајдари преку медиумите им се заблагодарува за поддршката на јавните личности како Ким Мехмети, Нури Сефери, Хисни Шаќири, Фејзи Хајдари, Зијадин Села, Мерсел Билали, Исмет Рамадани, Африм Гаши и многу други, а истовремено ги повикува и останатите учесници во јавниот и политички живот да им се придружат во протестите.

По соопштувањето на пресудата за случајот „Монструм“ досега имаше два протеста, од кои првиот заврши со големи нереди кои го предизвикаа вниманието и во медиумите ширум регионот и Европа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1