Нови сознанија за исчезнувањето на Маите: “Сината дупка” им пресудила на Маите?


Причините за исчезнувањето на древните Маи се честа тема на научните расправи и истражувања, а во морето теории, во последно време посебно се истакнува една нова претпоставка.

Има се повеќе научници кои се согласуваат со претпоставките дека на Маите им пресудила екстремната суша. Докази за оваа теоријата се порнајдени во подводната пештера во Белизе, позната како Сина Дупка.dupka mai

Екипа на научници на чело со Андреј Дрохлер од Универзитетот Рајс, анализирала седименти и минерали во подводната пештера во Белизе. Резултатите од анализата потврдиле дека во периодот за кој се смета дека било почетокот на крајот на опстанокот на цивилизацијата на Маите, односно меѓу 800 и 900 година, владеела голема суша.

Екстремната суша, според анализите продолжила и подоцна, до околу 1000 и 1100 година, што се поклопува со периодот кога Маите го напуштиле градот Чичен Ица.

Седиментите и минералите се таложеле во пештерата и околниот залив во текот на повеќе од илјада години, со тоа што денес врз основа на тие остатоци хронолоши можат да се проучуват климатските промени кои се случиле во минатото.

– Сината дупка е како голема канта, замка за седиментни остатоци, објасни Дрохлер.

Теории дека исчезнувањето на Маите е поврзано со големите суши имаше и порано, но ова се први докази дека голема суша навистина се случила и дека таа било со доволно голем обем за да ја загрози егзистенцијата на тогашните жители.

– Екстремната и трајната суша довела до глад и судири, заклучи Дрохлер.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1