„Терористичкиот напад бил дел од војната за протерување на американската војска од Арапскиот полуостров“ ова стои во неодамна објавената видеопорака.
Двајца од 19 те екстремисти кои учествувале во нападот меѓудругото велат дека Арапските лидери отишле предалеку во предавањето на својот народ ( дозволиле христијани, Американци да дојдат во нивната земја).
Салим ал Хазми и Халид ал Михдар, двајца од 19 те екстремисти кои киднапирале четири авиони во септември 2001 та, ги прочитале пораките во видео записот, продукција на Ас Сахаб медија, која се поврзува со терористичката организација Ал-Каида. Видеото се најде на интернет со поддршката на американските „Site monitoring services“.
„Појавувањето на сонцето на победата, над победничкиот муслимански народ и победените христијани“, ваков е насловот на новиот видео материјал објавен на 13 ти овој месец.
Халид ал Михдар облечен во воена униформа со турбан на главата и оружје на левата страна, ја чита пораката на 26 април 2001 та година.
– Операцијата е дел од светата војна против САД и нивните поддржувачите, ова пак го порачува Салим ал Хазми, додавајќи дека целта на операцијата е враќање на муслиманското достоинство и протерување на Американците од Арапскиот полуостров. Ал акса џамијата е осквернавена, а Арапскиот полуостров е преполн со американски и британски војници кои што се борат против Алах, вели Хазми.
од 5:05 до 6:20 минута