Гугл нема да го тргне антимуслиманскиот филм од Youtube – Белата куќа им врши притисок


„Ние работиме напорно да создадеме заедница во која секој ќе може да го ужива правото да го искаже сопственото мислење, како и на луѓето да им се овозможи да ги претстават различните гледишта“, напишал портпаролот на Гугл, во соопштението испратено до јавноста.

Интезивниот притисок кој што доаѓа од администрацијата на Обaма, да се прекине правото на слободен говор и заплашувањето на граѓаните за нивен молк, не влијаеше на компанијата Гугл, која што не ги послуша препораките кои што доаѓаат од Белата куќа, да го тргне видеото од антимуслиманскиот филм, кој што претставува најголема иницијатива за нередеите во земјите на Блискиот Исток.

Портпаролот на компанијата, изјави дека Гугл не ги прекршило политиките на компанијата, откако претходно од Белата Куќа им било посочено да ја разгледаат ваквата нивна постапка.

„Ние работиме напорно да создадеме заедница во која секој ќе може да го ужива правото да го искаже сопственото мислење, како и на луѓето да им се овозможи да ги претстават различните гледишта“, напишал портпаролот на Гугл, во соопштението испратено до јавноста.

„Ова навистина може да претставува предизвик, затоа што она што може да биде во ред во една земја, исто така може да биде навредливо за друга. Сепак ова видео кое што е широко распострането во светот, низ интернет мрежата, и понатаму ќе остане на Youtube. Сепак овозможивме истото да има ограничен пристап во земјите каде што истото се смета за нелегално, Индија, Индонезија, Либија и Египет, со оглед на чуствителноста по ова прашање“, е дополнето во соопштението.

Сепак изненадува постапката од страна на администрацијата на Белата Куќа за укинување на видеото од страна на интернет мрежата, со оглед на тоа што таквото нешто би можело да претставува прекршување на првиот амандман од уставот на Америка, односно правото на слободно изразување и неможноста на поставување на какви било бариери за негово спроведување.

Share Button

Tags: , , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1