Новинарите во вторник на протест за Кежаровски


Со листови хартија на кои пишува „Je suis Kezarovski“, по примерот на слоганот „Je suis Charlli“ кој е актуелен по нападите во парискиот сатиричен весник Charlli Hebdo, новинарите во петок го изразија револтот од одлуката на Апелациониот суд, со којашто на новинарот Томислав Кежаровски му ја намали казната затвор од четири и пол на две години затвор.

За во вторник во 12 часот најавија протест пред Апелациониот суд.

kezarovskiSudenje-685x320
„Единствената правична одлука ќе беше ослободителна пресуда, а не намалување на казната на две години. Со оваа одлука Апелација реши да направи политички калкулации. Место при одлучување за предметот да води сметка за тоа дека новинарот не направи ништо лошо, туку сакаше да ја открие злоупотребата на јавните институции, одлучи да го спаси образот на тие што направија погрешна процена дека затворање новинар во Македонија може лесно да помине“, изјави претседателот на ЗНМ, Насер Селамни.
Според него, со ова судот покажал дека му се смилува на Кежаровски, но новинарите не го прифаќаат тоа.

„Ние не го прифаќаме тоа, бидејќи и еден ден казна за Кежаровски и за новинар претставува огромна штета за слободата на говорот и слободата на медиумите. Судот сака да нè обесхрабри критички да ја опсервираме работата на јавните институции. Доколку целта беше заплашување, ние не се исплашивме, туку сме сплотени и солидарни со нашиот колега“, додаде Селмани.

Претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, истакна дека Кежаровски успеал на јавноста да и пренесе дека државите институции од позиција на моќ правеле незаконитости во еден судски процес.

„Што треба уште да се случи? Ве повикувам сите колеги, но и вас, граѓани, да ни се приклучите во борбата за слобода и слобода на говор која сите ја заслужуваме“, рече Чаусидис.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1