Џована Панчери и камерманот на италијанската телевизија “Sky TG24” биле нападнати додека во живо известувале од озлогласената бриселска населба.
Новинарската екипа ја нападнал помлад маж. Од видеото јасно се гледа дека момчето ја удира камерата, која цело време снимала.
Непознатото момче потоа нешто им зборувало на репортерката и камерманот кои се обидувале да продолжат со преносот. Но, момчето не сакало да си замине и продолжило да им попречува во работата.
Тензиите во главниот град на Белгија и десетина дена по терористичкиот напад се прилично големи. Моленбек е населба која посебно е позната како расадник на бројни исламисти, а таму пет месеци се криел и Салах Абдеслам, еден од париските напаѓачи. Токму во Моленбек и бил фатен кон средината на март.