Новинарката ја убил мажот – Ја распарчил, па плачел на Фејсбук (Видео/Фото)


maz novinarka

Телото на една новинарка од Москва, која исчезнала минатата недела е пронајдено целото распарчено, а убиецот бил нејзиниот сопруг, сопственик на популарен ресторан во Москва.

„Алексеј Кабанов го признал убиството на неговата сопруга, новинар и блогер, Ирина Кабанов, а деловите од нејзиното тело, вклучувајќи ја главата и екстремитетите биле пронајдени во автомобил позајмен од нивен пријател“, изјавил портпарол на рускиот истражен комитет.

irina-kabanova
Кабанов признал дека ја удавил Ирина на 3 јануари, а потоа и почнал да го распарчува нејзиното тело, кое го ставил во автомобилот, надевајќи се дека подоцна ќе се ослободи од истото.

Во, меѓувреме Кабанов покренал обемни напори за да ја пронајде и лоцира „исчезнатата“ сопруга, поставувајќи дури и емоционални пораки и натписи на Фејсбук.

Кабанов е во притвор и се соочува со 15 години казна затвор за убиство, но претходно ќе се тестира неговата психа.

deca novinarka„Најверојатно ќе му бидат одземени трите деца, на возраст меѓу две и седум години“, изјави рускиот правобранител Павел Астахов.
Ирина е родена во Украина, а има работено како уредник на радио, а водела и неколку емисии за психологија.

Неколку семејни пријатели и претходно тврделе дека Кабанов често ја тепал неговата сопруга, иако ова никогаш не било докажано.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1