Отворањето на новото кино во „Скопје Сити Мол” е на 22 ноември со 3Д авантурата „Животот на Пи“ и новиот Џеjмс Бонд филм „Небесен пад“.
Киното го стопанисува австриската кино-групација Cineplexx заедно со партнерите MCF Films и Continental Film
Користиме најнови технологии за дигитална проекција, овозможувајќи совршен комфор на седиштата во салите и донесувајќи ги најновите блокбастери, вели Кристијан Лангхамер, генералниот директор на Cineplexx International.
На вечерта на отворањето на Cineplexx билетарите за публиката ќе бидат отворени во 20:45 часот, а сите проекции почнуваат во 21:30 часот за што ќе се нуди специјална цена од 90 денари за уживање во првото вистинско кино во “Скопје Сити Мол”.