НОВО СУДЕЊЕ: Кој е Миле Хаџиски- најбараниот убиец во Македонија? (ФОТО)


Зошто Миле Хаџиски (42) брутално ја убил Мери Јошевска (21) во 1993 година

Според обвинението, Хаџиски на свиреп начин и од користољубие со умисла ја лишил од живот Мери Јошевска на 18 јуни 1993 година, околу 12 часот, во станот на бул.„Авној“ бр.104, на свиреп начин и од користољубие, со умисла тој ја лишил од живот Мери Јошевска. По претходна настаната расправија, најпрвин почнал да ја дави со раце, а потоа со кристален пепелник ја удрил еднаш по десното рамо и двапати по глава.Screenshot_39

meri josevska

Според наодите на истрагата, убиецот сакал жртвата да страда, што го покажало и вештачењето. Утврдено е дека секој од 40-те убоди сам по себе не бил смртоносен. Жртвата очајнички се бранела, но, за жал, не уапсела да се одбрани.

По убиството, Хаџиски ги прикривал трагите. Ги миел ножевите и се обидувал се да врати на своето место. Пред да замине зел златен накит и го напуштил станот оставајќи ја Јошевска да искрвави. Истиот ден се обидел да го продаде накитот на Бит-пазар, но не успеал. Вечерта излегол со друштво во кафуле небаре ништо не се случило, каде што бил и уапсен.

Пред две години, бил приведен од француската полиција во Авињон, откако успеал да избега од затворот во Лозана, Швајцарија. Имал неколку лажни идентитети, осомничен е и за кривични дела сторени во овие две држави.

Во 2012-та година, бил уапсен од швајцарската полиција со посредство на Интерпол, а се потврдило дека уапсениот чии податоци биле Зоран Т, всушност имал друг идентитет. Тој бил баран од европските полиции за учество во криминалната група наречена „Пинк Пантер“ која се занимава со крадење накит.

mile handjiski

Спектакуларното бегство се случи во затворот „Бос Мемер“ кај Лозана. Бегството на „пантерите“ било добро испланирано, тројца маскирани лица се качиле на ѕиданата ограда на затворот и поставиле скала, фрлиле торба, во која имало оружје и алат. Хаџиски и Србинот извадиле пиштоли со кои им се заканиле на чуварите и на останатите затвореници по што со клешта направиле дупка во оградата и преку скалите се прекачиле преку ѕидот, со два автомобила избегале во непознат правец.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1