Косово од денес 1 јануари 2013 воведе визи за граѓаните на 87 земји. Според властите оваа мерка е за да се зголеми безбедноста на нацијата и нејзиниот пат кон пристапувањето во ЕУ.
Според нив со оваа мерка ќе се намалат можностите Косово да се користи како транзитна земја за шверцот со луѓе и нелегалната имиграција кон земјите на ЕУ
Министерството за надворешни работи не ја објави листата на 87 земји, но косовскиот весник „Коха Диторе“ објави листа која ја вклучува Русија, Кина, Авганистан, Ирак, Јемен, Либан, Либија и Сирија. Ниту една соседна земја не се најде на листата, а истата не ги вклучува ниту земјите што се дел од ЕУ и Шенген областа.
Бехрами вели дека составувањето на листата било засновано на безбедносни причини, а не на политичките односи.