Новогодишна прослава во Кисела Вода под мотото „Весела згода во Кисела Вода“


„Весела згода во Кисела Вода“ е мотото под кое годинава општина Кисела Вода ќе организира новогодишна прослава.

skopje ukrasenoПрославата ќе се одржи во паркот „Македонија“. Забавата за најмладите почнува во 14 часот, а вечерната програма е од 20:30 часот. Ќе настапат ѕвезди од македонската музичка сцена – Миле Кузмановски, Бени Шаќири, Тамара Тодевска, Ристо Самарџиев, Мики Јовановски Џафер со бендот, Верица Пандиловска и група Академци. Настанот ќе го води македонскиот актер Сашко Коцев.

За време на новогодишната прослава ќе биде обезбедена храна и пијалоци по прифатливи цени.

Предвидено е градоначалникот Марјан Ѓорчев да даде изјава за медиумите во 21 часот во паркот „Македонија“, до старото кино Кисела Вода.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1