За смртта на малото лавче кое вo четвртокот се роди во скопската Зоолошка градина, надлежните информираа дека наспроти шпекулациите за несоодветно постапување, спроведени се сите процедури од страна на вработените и од тимот на ветеринари и биолози.
– Бидејќи во порталите излегоа шпекулации од внатрешни извори од Градината дека е постапувано несовеснно од страна на тимот на Градината, би сакале да ве информираме за целиот еднодневен живот на лавчето. Родено е во утринските часови на ден 12.02.2015 година. По седум часовен мониторинг одлучено е да се востанови и снимање со камера, за која поседуваме снимки, а се со цел да утврдиме дали младото лавче ќе почне да цица од мајчиното млеко. За време на снимањето, сопротивно од информациите дека лавчето смразнало, од снимките може да се види дека лавчето заедно со своите родители е сместено во зимското живеалиште во кое што има инсталирано подно греење.
Единствено точна информација е дека лавчето е одвоено од мајката, меѓутоа тоа е направено по утврдување дека по околу 12 часа истото не почна да цица млеко од мајката. Значи, тоа е вообичаена пракса која што налага после тој период младенчето да се прихранува со вештачко млеко. За жал младенчето не ги преживеа првите 24 часа што во животинскиот свет не е невообичаено. Ќе ве потсетиме дека пред 4 години во Зоолошката се родија 3 млади сибирски тигри од кои 2 преживеаа, а едното угина во првите два дена, се вели во соопштението од Зоолошката градина.