Њујоршката Статуа на слободата евакуирана поради сомнителен пакет


Посетителите на њујоршката знаменитост Статуата на слободата беа евакуирани од островот Либерти по дојавата за сомнителен пакет, објави полицијата во петокот навечер по средноевропско време, додека трае претражувањето на местото.

Одделот за експлозиви на полицијата на Њујорк детално го прегледува најпопуларната туристичка дестинација во градот, соопшти за медиумите портпаролот на полицијата.kip na slobodata njujork

Евакуацијата е наредени по телефонската дојава за бомба, а обучен полициски пес открил сомнителен мири на пакет во шкафче наменето за посетителите во близина на продавница за сувенири, објави весникот The Wall Street Journal, повикувајќи се на полициски извори.

Според некои извори, евакуацијата започнала по 12.30 часот по локално време, откако полицијата добила телефонска закана за поставена бомба. Полициската службеничка Лелани Вудс, меѓутоа, не можела да потврди дека некој телефонски се јавил за бомба.

Веќе по 14 часот по локално време, њујоршките власти објавија дека во шкафчињата не е пронајден предмет кој може да претставува опасност. Сепак, останатите патувања на островот Либерти во петокот се откажани.

На Twitter е објавено видео на кое се гледаат бројни туристи како забрзано заминуваат кон бродовите кои испловуваат од островот Либерти кој се наоѓа меѓу Менхетен и Њу Џерси, во близина на вливот на реката Хадсон.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1